Италија издава монета од две евра во знак на благодарност кон медицинските работници

44

Италија годинава ќе издаде кованица од две евра посветена на лекари, медицински сестри и здравствени работници кои се соочија со пандемија на коронавирус во болниците во таа земја, објави Министерството за економија.

Монетата, која ќе биде законско средство за плаќање и од која ќе бидат исковани три милиони парчиња (во вредност од шест милиони евра), е украсена со фигури на маж и жена, кои претставуваат здравствени работници.

Зборот grazie (благодарам) ќе биде напишан на монетите. 

На овој начин, италијанското Министерство за економија сака да им се заблагодари на медицинските работници за напорите што ги вложија од почетокот на пандемијата, која веќе однесе ж ивоти на повеќе од 85.000 луѓе во земјата, и на повеќе од триста здравствени работници .

Фото: Facebook