Италија ќе го тужи Pfizer поради доцнење на испораката на вакцини

20

Италија има намера да преземе правни активности против американската лабораторија Pfizer во наредните денови поради доцнење во испораката на вакцини против коронавирусот, најави шефот на италијанскиот кризен штаб, Доменико Аркури.

“За заштита на здравјето на италијанските граѓани не може да се преговара“, предупреди Аркури.

Тој додаде дека кампањата за вакцинација не може да се забави, а камоли давањето на втората доза на многу Италијанци, кои веќе ја примиле првата доза на вакцината на Pfizer.

Pfizer и германскиот партнер BioNTech неочекувано објавија дека нема да може да ја обезбедат количината вакцини за кои се обврзале, што предизвика гнев кај европските земји, кои веќе се наоѓаат на критики поради бавноста на кампањата за вакцинација.