Италија ќе забрани соларни панели на земјоделско земјиште

32

Италијанската влада усвои предлог-закон со кој се забранува поставување соларни панели на земјоделско земјиште, објавија министрите, но сигнализира зелено светло за фотоволтаични системи над нивите и лозјата.

Како дел од пакетот мерки за заштита на земјоделството и рибарството, Владата забрани поставување на фотоволтаични системи на земјоделско земјиште.

“Ја прекинавме практиката на неконтролирано поставување на фотоволтаични панели на теренот“, рече министерот за земјоделство Франческо Лолобриџида на прес-конференција по седницата на Владата.

Минатата недела Италија, заедно со своите партнери во групата Г7, се обврза дека до 2030 година ќе ги зголеми тројно инсталираните капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори и постепено ќе ги укине термоелектраните на јаглен во првата половина на следната деценија.

Минатата година инсталираше речиси шест гигавати (GW) капацитет за обновлива енергија, главно мали соларни електрани.