Италија очекува две милијарди евра помалку од продажба на вино

63

Италијанските производители на вино се соочуваат со големи последици предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Тамошните винарници очекуваат пад на продажбата под над 63%.

Овој сектор е загрозен поради намалениот извоз, затворените ресторани и падот на потрошувачката во земјата.

Според податоците на инвестиционата банка Mediobanca, којшто ја анализира работата на поголемите винарници во Италија, очекува пад на продажбата на вино за две милијарди евра во споредба со 2019 година.

Винскиот сектор во Италија се чувствува загрозен не само поради падот на побарувачката, туку и заострената конкуренција од Франција, Шпанија, Чиле и САД.

Податоците од земјоделското здружение Coldiretti, велат дека дури 39% од винарите во земјата се соочуваат со проблеми со ликвидноста, а овој сектор е многу важен за целата економија, бидејќи вработува над милион лица.

Италија се обидува повторно да го оживее винскиот туризам, што сега ќе опфаќа само посета на виновите лози и организирање дегустација на вино, додека влезот во винарниците и понатаму е затворен за туристи.

Фото: Freepik