Италија од извоз на очила за сонце заработи 2,8 милијарди долари

41

Италија минатата година од извоз на очила за сонце оствари приходи во висина од 2,8 милијарди, што е скоро 40% од извозот во светски рамки.

Зад Италија се најде Кина со извоз на очила за сонце од 1,6 милијарди долари, додека на трето место е Хонг Конг, чија вредност на извозот достигна 780 милиони долари.

Меѓу 10-те најголеми извозници на овој моден детаљ се и: САД (398 милиони долари), Германија (228 милиони долари), Франција (224 милиони долари), Холандија (174 милиони долари), Јапонија (124 милиони долари), Велика Британија (96 милиони долари) и Тајван (88 милиони долари).

Фото: Pixabay