Италија одвојува нови 32 милијарди евра помош за економијата

32

Италијанската влада усвои нов пакет мерки за помош на оние кои се најсилно погодени од кризата што ја предизвика пандемијата.

Според тамошните медиуми, помош од вкупно 32 милијарди евра ќе бидат распределени за производните капацитети во земјата, здравствениот систем, набавка на вакцини, образование, култура и земјоделие.

Властите во Италија, исто така, донесоа одлука за да се отпишат долговите за неплатен данок на државата, што се однесува за период од 2000-та до 2010-та година, но само до износ од 5.000 евра и тоа на оние чиј годишен приход не надминува 30.000 евра.

“Ова не е време кога се бараат, туку кога се даваат пари“, изјави италијанскиот премиер, Марио Драги. Според него, ова е парцијална помош како одговор на сиромаштијата што се шири поради пандемијата.

Фото: Pexels