Италија останува најголем произведувач на вино во светот

41

vino

Италија ќе го задржи првото место на најголем произведувач на вино во светот, објави здружението на лозари Coldiretti по првата берба оваа година.

Бербата оваа година треба да биде за 5% подобра во однос на претходната година, кога изнесуваше 47,5 милиони хектолитри. Италија минатата година беше пред ривалот Франција, а оваа година се предвидува помало производство во Франција поради мразовите и пролетните невремиња, пишува Seebiz.