Италија затвора над 20% од хотелите

66

Повеќе од една четвртина од хотелите низ Италија ќе останат затворени во јуни и покрај излегувањето на земјата од блокадата по околу три месеци рестриктивни мерки поради коронавирусот, а повеќе од 20% ќе бидат затворени во текот на целата летна сезона, според италијанската асоцијација на хотели Federalbergi.

Менаџерите на околу 30% од хотелите во Италија решија да ги задржат своите капацитети затворени во јуни, стои во извештајот, додавајќи дека околу 80% од вкупниот број хотели во Италија планирано е да се отворат во август.

Исто така, се наведува дека околу 118.000 луѓе ги загубиле сезонските работни места во хотелската индустрија во текот на мај. Некои хотели што се отворија во Фиренца, една од најпопуларните туристички дестинации пред пандемијата, стравуваат за бизнисот затоа што нема многу резервации.

Италија ги отвори своите регионални граници на 3-ти јуни по три месеци ограничени мерки на движење. Во исто време, дозволени се пристигнувања од ЕУ и Шенген земјите, но првите туристи се претежно Италијанци, а хотелите кои се отворени очекуваат странски туристи во јули и август.

Италија е првата земја во Европа што воведе општи карантински мерки на почетокот на март, а со постепено олеснување на рестриктивните мерки, излезе од блокадата по околу три месеци.

Фото: Pixabay