Италијанци го тужат Apple

63

Италијанското здружението на потрошувачи на Италија соопшти дека поднесе колективна тужба против американскиот технолошки гигант, Apple, поради однапред смислено застарување на моделите на iPhone.

Здружението наведува дека бара отштета од 60 милиони евра во име на италијанските потрошувачи кои се измамени со ваква пракса, којашто ја препознаа и тамошните власти, пренесува Ројтерс.

Тужбата ги покрива корисниците на iPhone 6 и 6 Plus, 6 S и 6 S Plus, коишто во Италија во период од 2014-та до 2020-та година се продадени во околу милион примероци.

Apple наведува дена никогаш не направил ништо со цел намерно да го скрати векот на било кој од своите производи или да го намали корисничкото искуство за да ги поттикне купувачите да ги надоградат своите уреди.

Слични вакви тужби за Apple доаѓаат и од Белгија и Шпанија.

Фото: Freepik