Италијанците ги преполовија туристичките резервации за ова лето

36

Во последните седум дена е преполовен бројот на туристички резервации на Италијанците за летување во земјата и во странство, поради страв од ширење на делта сојот на коронавирусот, пренесуваат италијанските медиуми.

Во исто време, расте бројот на Италијанци кои го откажуваат веќе резервираното сместување и патување.

Наглиот пад на резервациите следи по бројните предупредувања, што Министерството за надворешни работи ги испрати до Италијанците кои престојуваат во странство, а се однесуваат на ширење на делта сојот и проблемите што ги имаат оние кои ќе се инфицираат во текот на престојот во странство.

Околу 1.000 Италијанци, кои се на одмор или престојуваат во странство од други причини, се заразени и сега мора да останат таму каде што се во карантин.

Најголем дел од нив се на Малта, во Шпанија и Велика Британија.

Оние кои патуваат преку туристички агенции, трошоците за лекување и карантинот се покриени со осигурување, додека оние кои патуваат сами, мора и сами да си ги сносат трошоците за лекување.

Фото: Pixabay