Италијанска компанија собра шест милиони евра од обврзници гарантирани со пармезан

73

parmezan italija

Малиот италијански производител на сирење Madonne Caseificio dell’Emilia успеа да продаде обврзници за коишто како гаранција го стави познатото сирење пармезан, пишува Reuters.

4 Madonne Caseificio dell’Emilia е редок пример за мало претпријатие што обезбедува потребни финансиски средства преку издавање обврзници. Компанијата успеа да обезбеди шест милиони евра, издавајќи мини обврзници кои се гарантирани со пармезан.

Според директорот на 4 Madonne Caseificio dell’Emilia, собраните пари ќе бидат искористени за унапредување на работата на компанијата и промоција на ситното рендано сирење што е карактеристично за северниот дел на Италија.

Обврзниците ќе исплаќаат фиксен принос од 5% секоја година, до нивниот рок на достасување во јануари 2022 година.