Италијанската енергетска компанија Ени отвора сметка во рубљи во Газпромбанк

38

Италијанската енергетска компанија „Ени“ почна процес на отворање на две тековни сметки во руската „Газпромбанк“, едната во евра, а другата во рубљи, како „претпазливост“, бидејќи се наближуваат роковите за плаќање на рускиот гас, соопшти компанијата.

Ени во изјавата рече дека овој потег уследил по „едностраното“ барање на „Газпром експорт“ за измена на постоечките договори меѓу страните за да се земе предвид новата процедура за плаќање на гасот од Русија, пишува S&P Global.

Италијанската компанија истакна дека привремено ќе отвори две сметки без да ги доведе во прашање нејзините договорни права, кои сепак предвидуваат плаќање во евра. Изјавата на Ени дојде еден ден откако Европската комисија им испрати на земјите на ЕУ ажурирани упатства за санкции.