Италијанската компанија Дијатек отвори фабрика во Скопје

83

Италијанската компанија Дијатек ја отвори својата фабрика под името Макдиа во Македонија.

Компанијата се занимава со дигитално печатење. Фабриката се наоѓа во Технолошко – индустриската развојна зона Бунарџик.

Вкупната инвестиција се проценува на околу 10 милиони евра, а се очекува да се вработат околу 200 лица.