Италијанската влада ќе ги враќа долговите кон приватните компании

67

evraИталијанската Влада ќе исплати милијарди евра што им ги должи на приватните претпријатија, изјави италијанскиот премиер Енрико Лета.

Владата во наредните денови ќе одреди кои технички мерки се потребни за да се забрза исплатата на приватните фирми кои и пружале услуги на владата, додаде премиерот, јавува агенцијата Анса.

Илјадници приватни италијански компании чекаат со месеци, во некои случаи со години, да им се плати за снабдување со стока и услуги на различни локални самоуправи низ целата земја. Многу бизниси пропаднале затоа што владата е спора во исплатата.

Владата претходно вети дека во 2013 и 2014 година ќе исплати 50 милијарди евра што им ги должи на компаниите.