Италијански фонд го купи словенечки Cimos за 110 милиони евра

13

cimos

Словенија потпиша договор со италијанскиот фонд Palladio Finanziaria за продажба на автомобилската индустрија Cimos од Копер, пишува Delo.

Се очекува трансакцијата да биде завршена во првиот квартал на 2017 година.

Фондот во словенечката компанија ќе инвестира 20 милиони свеж капитал, за поддршка и осовременување.

Cimos група вработува вкупно околу 5.000 работници, од кои околу 2.000 се во Словенија.

Италијанскиот фонд веќе има две компании од автомобилскиот сектор во своето портфолио.