Италијански Geox ќе гради фабрика за обувки во Врање

226

geoxВо мај во Врање ќе почне изградба на фабрика на италијанската компанија Geox што ќе биде најголема инвестиција досега во овој град, изјави градоначалникот на Врање, Зоран Антиќ.

Во фабриката ќе бидат вложени 15 милиони евра, а ќе се вработат 1.250 луѓе во рок од две години.

Италијански Geox, еден од најголемите произведувачи на обувки во светот, би требало до крајот на годината да ја заврши изградбата на погонот. Оваа компанија треба со себе во Врање да донесе уште три до четири кооперанти, што би значело отворање на дополнителни 500 до 600 работни места во период од три години.