Италијански лифт закачалки

406

Кога размислуваме да направиме плакар или поголем гардеробер, при изработката на распоредот и дизајнот на конструкцијата секогаш водиме сметка просторот да биде ефикасно искористен, а воедно, облеката и постелнината да биде лесно достапна. Вообичаени елементи во овие решенија се полиците, фиоките, оклагиите, разни држачи за каиши, кравати, панталони и здолништа, но и механизмите на повлекување на кои се обесуваат закачалките со палта, кошули, маици и друго.

glavna

Прикажаните производи се само дел од поголема понуда на гардеробни механизми во ВИТРИНА.

OTTO

OTTO е еднорачен лифт механизам кој се монтира на ѕид, поставувајќи ја закачената облека свртена со лицето кон корисникот, отколку тие да бидат свртени под агол. Дизајниран да зафати малку простор што го прави идеален за употреба во тесни простории како претсобјата или сушарите, но и во плакарите и гардероберите во спалните соби. Белиот лифт механизам има 7 места за закачалките и има носивост до 5 килограми.

Otto

OTTO CLOSET PRO

И OTTO CLOSET PRO го користи истиот механизам. За разлика од Отто, кај Отто клосет јамките се отстранети и заменети со оклагии кои ја подесуваат ширината од 650 до 1.150 мм. Исто така се монтира на ѕидот во плакарот или гардероберот. Закачените алишта се уредно сместени во горната зона сè додека не ни притребаат. Потоа со едноставно повлекување на рачката истите ни се на дофат. Може да го најдете во бела и сива боја и има максимална носивост до 5 килограми.

otto-closet-pro

ONLY, освежена класика

ONLY е врвниот лифт механизам меѓу производите на Сервето. Нуди елегантен и модерен дизајн со подобрена работна технологија со кои ги засенува старите лифт механизми. Ова е уникатен производ, посебно развиен за клиенти кои бараат супериорен стил, функција и сигурност.

Се поставува на страниците на плакарот со ширина на оклагијата која се подесува по Вашите потреби, од  730 до 1.190 мм. Може да одберете механизам во бела или сива боја со носивост до 10 килограми.

only_lift

vitrina_footer