
Додека Италија се подготвува за она што изгледа како успешна туристичка сезона, една провинција го ограничи бројот на посетители во обид да спречи прекумерен туризам.
Автономната провинција Јужен Тирол (Алто Адиџе), на северот на земјата, воведе ограничување на ноќевањата. Бројот на туристи кои ќе можат да преноќат повеќе нема да го надминува бројот на посети од 2019 година, а забрането е и отворање на нови сместувања.
Двојазичниот регион, кој се граничи со Австрија, е една од најпознатите порти кон Доломитите, со посетители кои доаѓаат да ги видат спектакуларните карпести врвови, глечерите, езерата и тиролските градови.
„Го достигнавме лимитот“
Арнолд Шилер, кој е одговорен за туризмот во покраината и кој го предложи новиот закон, изјави за Си-Ен-Ен дека регионот ја достигна границата на она што може да го поднесе.
„Го достигнавме лимитот на ресурси, имавме проблеми со сообраќајот, а жителите имаат потешкотии да најдат место за живеење – рече тој, додавајќи дека сакаат да гарантираат квалитетен живот за локалното население и туристите, што станува се потешко во текот на последните десет години.
„Туристите доаѓаат овде за пешачење и сакаат да видат убави места, а не да заглават во сообраќаен метеж“, рече тој.
Во 2022 година, регионот имаше 34 милиони ноќевања.











