Италијанскиот бренд Driade креираше “вселенски“ мебел

44

Фото: Pixabay

Италијанскиот бренд за мебел Driade во соработка со Studio Nucleo, направија трансформации на некои од најдобрите парчиња мебел на брендот, односно 3D испечатени верзии, коишто според нив би биле идеални за “живот на Месечината“, пренесува Dezeen.

Колекцијата е направена во чест на 50 годишнината од слетувањето на легендарниот Apollo 11 на Месечината. Користејќи 3D методи на печатење, дизајнерите го рекреираа секое парче со користење на мек песок сличен на реголит – слој од прашина, почва и кршени карпи што ја покрива карпестата површина на Месечината.

Делата ќе бидат изложени за време на овогодинешната Дизајнерска недела во Милано.