Италијанскиот туризам подобро помина од Шпанија и Франција

43

Туризмот во медитеранските земји бележи огромни загуби поради пандемијата на коронавирусот, но и покрај потешкотиите, Италија оствари подобри резултати од Франција и Шпанија, пренесуваат италијанските медиуми.

“Италија е посилна или помалку слаба од двата директни конкуренти – Франција и Шпанија“, пишува италијанскиот весник Stampa.

Скоро сите туристички дестинации во светот се соочуваат со исклучително тешка сезона поради пандемијата, па најпогодени во целата ситуација се земји што се директно зависни од туризмот.

Во периодот јануари – август оваа година, уделот на туризмот во БДП е 3,2%, додека во истиот период лани бил 5,7%. Иако се работи за пад, сепак е помал од оној на Франција и Шпанија.

Се проценува дека бројот на странски туристи во Италија во текот на 2020 година ќе биде намален за 58%, односно на 37 милиони посетители, а бројот на ноќевања ќе биде помал за 126 милиони во однос на 2019 година.

Фото: Pexels