Претставници од компанијата ИТД Дистрибуција присуствуваа на традиционалната матурска прослава од домот за деца без родители 11 Октомври и на овогодинешната генерација матуранти и полуматуранти им подарија Gigabyte GSmart Elite мобилни телефони, стои во соопштението.
“Со овој наш скромен гест, се обидуваме на овие деца им обезбедиме незаборавни мигови во период којшто за нив е многу важен. Нашата компанија ги продолжува општествено одговорните активности планирани за оваа година, кои имаат за цел да им помогнат и да ги подобрат условите за живот на најранливата категорија – децата”, велат претставници од ИТД Дистрибуција.
Компанијата изминатиов период реализираше низа на општествено одговорни активности, меѓу кои беа и донација на лаптопи и покривање на трошоци за патување на меѓународен фестивал во Италија токму за домот за деца без родители 11 Октомври.