Здружението на транспортери Макамтранс итно да ја деблокира македонско-косовската граница, бараат бизнисмените од Стопанската комора на северозападна Македонија.
Од комората истакнуваат дека континуирано барале да се преземат конкретни мерки за изнаоѓање на решение преку институциите кои ги претставуваат двете држави.
“Ниедна блокада на границата не може да се деблокира со нови блокади, затоа секоја иницијатива од овој вид само придонесува кон влошување на ситуацијата, која и така е економско и социјална лоша во земјата. Иницијативите од ваков вид уште повеќе ја зголемуваат иритацијата кај локалното население, која може да се случи многу брзо да ескалира, додека последиците може да бидат различни. Во оваа фаза се бара зрелост кај сите страни и да седнат на маса за да се најде итно решение и оддржливо меѓу владите на двете земји”, се вели во соопштението од Стопанската комора на северозападна Македонија.