Ивент индустријата во Македонија во подем

88

Разни конференции, презентации и семинари, концерти, свадби, корпоративни настани и тим билдинг, се настани кои најчесто се организираат во Македонија со помош на специјализирани компании.

Оние кои веќе имаат познавања од овој бизнис велат дека бенефициите од ангажирањето на специјализирана компанија за организирање на некои вакви настани се големи.

Една таква специјализирана компанија, која веќе е етаблирана на македонскиот пазар, е Event Management Solutions. Компанијата се занимава со креирање и поддршка на различни видови на настани за локални и интернационални компании, конференции, концерти, непрофитни организации и индивидуалци.

“За оваа работа потребно е пред се природна наклонетост, треба да знаете како услугата што ја нудите да ја доближите до луѓето. Оваа индустрија бара многу голема иновативност, целта на секој вистински професионалец во оваа област е настанот кој ќе се организира да остане долго во сеќавање, а тоа се постигнува само со добра идеја, организација и професионалност”, вели Милан Тодевски, директор на Event Management Solutions.

Тој додава дека со ангажирање на компанија која опстојува повеќе години на пазарот и зад себе има богато искуство, шансите да тргне нешто наопаку при организирањето на настаните се минимални.

Ивент менаџментот е целосна организација на настаните, од идеја и концепт, изнајмување на комплетна опрема (бина, озвучување, осветлување, шатори…) до промоција и анализа за успешноста на настанот и проектот.