iVote победник на European Venture Contest 2013

24

evc_box Македонската софтверска компанија iVote е победник на Европскиот инвеститорски натпревар, European Venture Contest (EVC) 2013, кој се одржа во Дизелдорф, Германија.
Тоа е најголем бизнис настан во Европа, каде брзорастечките, просперитетните и иновативни компании од цела Европа, го презентираат бизнис потенцијалот пред стручното жири составено од еминентни инвеститори од цел свет.
Од пријавените над 800 европски компании, во изборот од 120 компании влезе и македонската iVote.
Потенцијалот за понатамошната меѓународна експанзија и иновативни решенија на iVote беа оценети како стабилни, ветувачки и перспективни, што придонесе да биде прогласена за победник во категоријата на ИТК.
“Овој настан ни помогна правилно да се претставиме пред меѓунардоната јавноста, а тоа ќе ни донесе побрз развој и проширување на пазарите”, рече ко-основачот на iVote, Љупчо Антовски.
Критериумите според кои беа оценувани компаниите се поделени во седум категории, бизнис потенцијал на компанијата, професионалното искуство на тимот, технолошки достигнувања, конкурентност на пазарот, привлекување на инвестиции, квалитет на производите и услугите, како и бизнис презентацијата пред стручното жири.