Избрана победничката идеја од предизвикот на Olympia Motors

50

42c1f4f0-13e8-4f19-a63d-8820c4fbd8fb

Логото на компаниите е нешто по кое тие се препознатливи во светот. Можноста нечија креативна идеја да биде лого на некоја позната компанија е сон на секој оној кој што се занимава со графички дизајн, но и уметник чие дело сака да биде симбол или икона на заштитена марка односно бренд.

Olympia Motors, овластен дистрибутер за автомобилските брендови Opel и Chevrolet, ги предизвика сите креативци да ја дадат својата идеја и да го смислат новото лого. Со помош на собраните лајкови на својата идеја на фан страницата на Olympia Motors на Facebook и оценките од страна на стручниот тим на графички дизајнери и уметници беа избрани трите најдобри идејни решенија. За најдобра идеја која потоа ќе биде преработена од страна на тимот на графички дизајнери на Olympia Motors беше избран предлогот кој го изработи Олгица Николовска, која доби награда таблет компјутер. Слоганот на кампањата Ново Лого – Нови Пријателства ја иницираше креативноста кај секој оној кој сакаше да го прифати предизвикот и да создаде новото лого за македонската позната компанија. Добитникот на втора награда т.е. второ место, Владимир Смоквоски доби тест возење со Opel Astra и полн резервоар. Третата награда која е iPod nano mp3 player отиде во рацете на Берат Сулимани.

„Навистина сме среќни што нашиот предизвик Ново лого – Нови пријателства ја разви креативноста на многу млади луѓе кои испратија прекрасни идеи. Имавме тешка задача за да го одбереме најдоброто решение. За одлуката ни помогна тим на графички дизајнер и уметник, а секако беа земени во предвид и бројот на лајкови на Facebook. Olympia Motors ги слуша сите идеи и желби на граѓаните и постојано се труди да бидеме блиску до своите корисници. Се радувам на сите идеи кои ги добивме и неизмерно сме благодарни за учеството на креативците“, изјави сопственичката на Olympia Motors, Светлана Пљакоска.

Правилата на предизвикот беа логото, во форма кратка или долга, или пак двете верзии, да се испратат на мејлот на Olympia Motors: [email protected] од 7-ми до 17-ти декември. Сите логоа кои беа пратени на мејлот се објавија на фан страната на Olympia Motors, на Facebook – https://www.facebook.com/Olympia-Motors-184172391664621/?pnref=lhc.

„Најголем впечаток ми остави логото на Олгица бидеќи ми буди чувство на почит, ведрина, персоналност во ликовниот израз. Ми се допаѓа бидејќи има меки линии, контраст, доминација и впечатливост. Ликовно гледано има круг како најсовршена линија и баланс. Ми дава чувство дека истото нема страв од конкуренцијата, има чувство на ред, организираност и перспектива“, изјави Раде Василев, уметник и костимограф кој беше дел од жирито.

Во зависност од оцената дадена од жири комисијата и бројот на лајкови, беше избран победникот, на принцип на одлучување 50% – 50%.