Избрани најдобрите бизнис идеи за социјално претпријатие

21

123

Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење (НЦРИПУ) организираше натпревар за најдобра идеја за социјално претпријатие, како дел од проектот СПИР – Социјално претприемништво за инклузија на Ромите. Проектот е финансиран од страна на Европската комисија во рамките на грантовата програма Поттикнување на социјална инклузија и вработување на локално ниво, стои во соопштението.

Финалето на натпреварот се одржа на 24.10.2017 година во просториите на Канцеларијата за социјално претприемништво (ПСМ инкубатор). Тимовите од максимум пет членови од ромска етничка заедница кои се пласираа во финалето ги презентираа своите бизнис идеи пред симулиран борд на инвеститори (стручно жири), кое низ процес на селекција ги избра најдобрите три тима, и тоа:

Прво место освои тимот со бизнис идејата: Списание и уметност

Второ место освои тимот со бизнис идејата: Градежно внатрешно уредување

Трето место освои тимот со бизнис идејата: Облека за деца

Победничките тимови ги освоија следните награди:

Прва награда (награден фонд во противвредност од 700 евра, којашто се состои од 300 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти)

Втора награда (награден фонд во противвредност од 600 евра, којашто се состои од 200 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти)

Трета награда (награден фонд во противвредност од 500 евра, којашто се состои од 100 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти)

На наградените тимови им ја честитаме победата и им посакуваме успешна практична реализација на нивните социјални претпријатија.