Авиопревизникот Air Serbia и Нафтена индустрија Србије (НИС) се добитници на наградата за најдобар корпоративен бренд во 2014 година, што ја доделуваат Стопанската комора на Србија, Министерството за трговија и весникот Привредни преглед.
Наградата Најдоброто од Србија вчера им беше врачена на победници во 24 категории, избрани меѓу 160 пријавени брендови, пишува Блиц.
Покрај Air Serbia и НИС, во истата категорија се наградени компаниите Карнекс, Нектар, Хемофарм, Форма Идеале, Мона и Инфостуд.
За најдобри трговски брендови се избрани Плазма кекс, Јелен пиво, пробиотици Иванчиќ и синови, Металац бојлер, P…S….Fashion, Карпе Дием, Тигар обуќа, Премиа, Commo.
Најдобар странски корпоративен бренд што работи во Србија е словенечко Горење, а најдобро јавно, државно или доминантно државно претпријатие е белградскиот аеродром Никола Тесла.
Победниците добиваат право логото Најдоброто од Србија да го користат како знак за квалитет и доверба на производите и на промотивните материјали.