Избрани најдобрите претприемачи за 2012 година

41

Сопственикот на Полиестердеј – Скопје, Филип Спасовски, беше избран најдобар претприемач на годината во категоријата мали претпријатија, додека втор во оваа категорија беше прогласен Сервет Ќазими, сопственик на млекарницата Сентис АГ. Во категоријата микропретпријатија, првата награда ја доби Боро Андоновски, управител на Абикс – Скопје, а втората Јумни Бакији, управител на ЈУ-СМ од Брвеница.

На свеченоста која вчера се одржа во хотелот Александар Палас, првонаградените претприемачи, се закитија со златни статуетки и ваучер наменет за маркетинг-активности во износ од 50.000 денари, а второнаградените сребрени статуетки и ваучер од 25.000 денари. ЈУ-СМ – Брвеница е прогласено за Најиновативно претпријатие во 2012 година.

Изборот се прави врз основа на податоците добиени од Централниот регистар на Република Македонија. За најдобри микро и мали претприемачи се сметаат оние, кои во последните три години од работењето, имаат зголемување на бројот на вработените, постојан раст на приходите и добивката,  како и раст на инвестициите.