Избрани топ 10 најуспешни жени менаџери

34

marili

Агенцијата Марили по 21-ви пат го организираше изборот на најуспешни жени менаџери од Македонија и дијаспората.

Оваа година таа награда ја добија:

Сузана Блажевска , Генерален менаџер, Афродита С од Скопје

Елена Василевска Ѓеоргиева, Заменик генерален менаџер, Поликлиника Дента ЕС од  Скопје

Олгица Ѓоргиева, Генерален менаџер, Моднo ателје ГО Ѓоргиева Олгица, Скопје

Елена Антоновска Едизер, Генерален менаџер, Арс Луцида, Скопје

Билјана Караманолеска, Генерален менаџер, Светот на Колорес – Скопје

Ена Норнилд, Генерален менаџер, Дан – Мак – Скопје

Енкеледа Стефановска, Генерален менаџер, Ад Вербум од Скопје

Елида Трајковска, Генерален менаџер, Securicom, Скопје

Александра Марковиќ Цветановска, Генерален менаџер, Вардар Експрес Травел – Скопје

Викторија Шотароска ,Генерален менаџер, П.И.К. Ко Дооел – Скопје.

Манифестацијата, според организаторите, е етаблирана во општеството и во изминатите две децении беше поддршка и промоција, но и поттик за жените менаџери и за младите генерации на едуцирани жени смело да се впуштат во бизнис сферата и  да постигнуваат високи резултати.