Избришан Либерти од Листата на набљудување на Берза

22

Од денеска (26.01.2021 година), Берзата изврши бришење на издавачот Либерти АД Скопје од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена јавната понуда за преземање на друштвото од страна на преземачот Либерти Холдко Галати & Скопје Лимитед од Лондон, Обединето Кралство.

Либерти АД Скопје беше внесена на 11.11.2020 година на Листата на набљудување согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена јавна понуда за преземање на друштвото од страна на Либерти Холдко Галати & Скопје Лимитед од Лондон, Обединето Кралство.