Избришани 100 милијарди долари од пазарот на крипто валути

123

Биткоинот повторно забележа пад, па за 48 часа изгуби 10% и со тоа се намали и вредноста на пазарот на крипто валути. Вкупната пазарна вредност на сите крипто валути се намали за повеќе од 100 милијарди долари за 48 часа, па од 1,06 билиони падна на скоро 949 милијарди долари.

Цената на биткоинот во еден ден се намали за 6% на 32.527 долари, што се случува првпат од 13-ти и достигна вредност пониска од 33.000 долари, покажуваат податоците на CoinDesk.

Биткоинот имаше вртоглаво движење на цената, достигнувајќи во еден момент и 41.940 долари по што следеше и остар пад на вредноста.

Фото: Freepik