“Избришете” ги подочниците на едноставен начин

24

kamilica-pexels

Фото: Pexels

Темните подочници и отоците под очите се честа појава кај некои луѓе. Тие можат да се појават без разлика дали сте поминале непроспиена ноќ или добро сте спиеле.

Еве еден домашен рецепт што ќе ви помогне да ги “избришете” од лицето.

За подготовка е потребно жалфија, камилица и магдонос. Не е важно дали ќе бидат во свежа ии сушена форма. Од секоја билка земете по пола супена лажица и сите заедно прелијте ги со 200 ml зовриена вода, затворете го садот и оставете да стои два часа.

Потоа, смесата ставете ја во сад со калапи за мраз и нека стои во замрзнувач сè додека не се стегне.

Употреба

Наутро и навечер нежно бришете го пределот околу очите со замрзнатата коцка. За да може кожата подобро да ја впие течноста не се бришете и не го мијте лицето.

Веднаш по третманот подочниците ќе изгледаат потемни, но тоа ќе биде само на неколку минути, од причина што кожата црвенее од ладното.

Бидете упорни и повторувајте го третманот. Резултатите ќе бидат видливи за неколку дена.