Изгореа тезгите во холот во Трговскиот центар во Штип

25

pozarnikari

Пожар избувна во холот на Трговскиот центар во Штип. Опожарени се тезгите на кои се продаваше најразлична стока, пишува Миа.

Според првичните информации, нема поголема материјална штета, а сопствениците на околните дуќани велат дека поради пожарот оштетена е електричната инсталација и климатизерите во нивните објекти.

Во тек е увидот од страна на полицијата, со цел да се утврдат причините за пожарот.

Сопствениците на дуќаните велат дека пожарот избувнал околу четири часот утринава, по што веднаш е известена Противпожарната единица. Пожарникарите интервенирале со што спречиле ширење на пожарот кон горните катови на Трговскиот центар.