Изградбата на српскиот дел од Јужен тек започнува на 24 ноември

13

GASPROMПочетокот на изградбата на гасоводот Јужен тек во Србија ќе започне на 24 ноември, а реализацијата на проектот вреден 1,7 милијарди евра е од исклучително значење за српската економија, е заклучокот од средбата на претставници на политичкиот врв на Србија и делегација на руски Газпром, јавува Танјуг.

Точниот датум го договорија руската делегација и премиерот Ивица Дачиќ, кој го оцени проектот како една од највредните инвестиции во Србија во последните неколку децении.

“Во интерес на Србија и на Русија е овој договор да се спроведе, а за Србија е важен затоа што станува регионален енергетски центар”, нагласи Дачиќ.

Делот на гасоводот што ќе минува низ Србија ќе биде долг 421 километар, а на неговата изградба ќе бидат вработени неколку илјади работници и српски градежни компании. Влезот во Србија ќе биде кај селото Ковиљ во Војводина, а од Бугарија, Јужен тек во Србија ќе влегува кај Зајечар. На состанокот станало збор за изградба на дополнителни краци кон Македонија и Република Српска.

Планирано е гасоводот да биде пуштен во употреба во 2015 година.