Изградија империи, но никој од нив не почна сам

278

Покрај технолошките компании Apple, Microsoft и Twitter стојат три светски познати имиња. Меѓутоа, Стив Џобс, Бил Гејтс и Џек Дорси не ја одработиле целата работа сами.

Apple

Стив Вознијак ја основаше компанијата Apple заедно со Стив Џобс во 1976 година. Вознијак во тоа време работел во компанијата Hewlett–Packard и со нив се обидел да го продаде дизајнот на компјутерите кои сам ги осмислил. Меѓутоа кога во тоа не успеал, Стив Џобс кој таму работел преку лето, му предложил да се обиде да ја продаде верзијата на дизајнот на трето лице. Тоа им помогнало да го соберат капиталот за формирање на Apple.

Третиот коосновач на Apple бил Роналд Вејн, кој бил сопственик на 10% од компанијата цели 12 дена и ги продаде за 800 долари.

Во договорот, Стивен Вознијак, Стивен Џобс и Роналд Вејн, жители на Санта Клара во Калифорнија, се согласиле на заедничко основање компанија која ќе биде специфично организирана за производство и маркетинг на компјутерски уреди, делови и поврзани материјали. Компанијата била наречена Apple.

На 12 април била направена измена. Роналд Вејн се откажал од своите обврски и одговорности и им ја препуштил компанијата на Џобс и Вознијак. За возврат, тој добил 800 долари, иако подоцна добил уште 1.500 долари од компанијата.

Вејн, како што подоцна објаснува во својот мемоар Adventures of an Apple founder, првпат се вклучил во работата со двајцата други основачи кога Џобс побарал совет од него за филозофските разлики меѓу него и Вознијак.

Во 2010 година, тој изјавил за Mercury news дека си заминал од компанијата делумно поради страв дека неговите помлади колеги не можат да успеат во бизнисот и дека тој би можел да биде единствениот чии средства би биле одземени од кредиторите.

Конечно, тој изјавил дека не би се откажал доколку знаел дека за само четири години компанијата ќе направи милионери од 300 луѓе.

Тwitter

Џек Дорси одигра голема улога во развојот на Twitter, но не е основач на компанијата. Twitter настана од Odeo, подкаст кој го основаа Ноа Глас и Еван Вилијамс. Во еден момент на развој на Odeo, Вилијамс побарал од својот тим да смисли свежа идеја. Предлогот на веб дизајнерот Џек Дорси привлекла внимание на Глас. Вилијамс го купил целосно Odeo, вклучувајќи го и Twitter и го отпушта Глас. Причината не е јасна, но постои верување дека Влијамс и Глас не се согласувале.

Денес, Вилијамс е извршен директор на Twitter.

Microsoft

Microsoft е основан 1975 година од Бил Гејст и Пол Ален. Името го осмислил Ален и првобитно било Micro-Soft.

Меѓутоа, тој го напушта Microsoft во 1982 година, кога му е дијагностициран рак. Почина во 2018 година на 65-годишна возраст од компликациите од нехоџкинов лимфом.

Фото: Pixabay