Излегува Squid Game видео игра?

38

Корејската серија Squid Game доби огромна популарност со нејзиното доаѓање на Netflix и практично е единствената серија за која овие денови се зборува на Интернет, а сега се размислува за правење видео игра.

Оваа серија продуцентска куќа во Јужна Кореја одби да ја сними 10 години. Таа инаку стана најгледана досега на Netflix.

Поради овие причини, од платформата укажаа и на можноста за правење видео игра Squid Game, бидејќи, како што е познато, оваа продуцентска компанија полека ги шири „пипалата“ и во овој сектор, со план да направи игри врз основа на продукциите кои ги поседува.

Шефот на секцијата Netflix Asia објави дека во моментов се разгледува идејата за видео игра Squid Game, но не се споделени дополнителни детали за можностите за нејзина изработка.

Секако, „Battle Royale“ игрите од овој формат, како оние што се гледаат во Squid Game, се доста актуелни во моментов, па затоа популарноста би била загарантирана доколку Netflix одлучи да го направи тоа.