Излезе новиот број на е-билтенот Потрошувачите и храната

56

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство го издаде четвртиот број на е-билтенот Потрошувачите и храната.

Во овој број може да се прочита за следниве теми:

  •  Беук – новости: здруженијата на потрошувачи се залагаат за крај на употребата на цртани ликови за маркетинг на нездрава храна,
  • Акутни здравствени ризици за потрошувачите,
  • Справување со маркетингот на храна за децата,
  • Совети за правилна исхрана,
  • Микотоксини
  • Овошјето и зеленчукот како функционална храна.

Предвидено е до крајот на годината да бидат издадени 10 броја на е-билтенот, а ќе излегува еднаш месечно.