Изложба на градби од желе во стоковната куќа Harrods во Лондон

50

GreengageJellycreditChrisTerryweb_1500_900_85Во стоковната куќа Harrods во Лондон со почеток од 29 јуни до крајот на јули, во делот за прехранбени производи ќе има изложба од желе градби, дела на лондонското студио Bompas & Parr, пишува 2luxury2.

Штандот на желе ќе вклучува разни познати градби, како на пример Бакингемската палата, со интересни вкусови – ф’стак и роза, виски, сезонско овошје, црвено вино и сливи, апсинт и лимета, малини, боровинки, шампањ…

Изложбата наречена Слаткарница на чудата од желе (Jelly Parlour of Wonders) ќе биде дел од прославата на деветгодишното успешно работење на Bompas & Parr. Посетителите ќе можат да пробаат и да си понесат дома некои од вкусните желе градби, како и да нарачаат изработка на желе реплика од нивните домови.

Покрај малите порции од желе коишто ќе можат да се јадат, студиото ќе изложи и големи структури што дополнително ќе го разубават просторот, но нема да бидат наменети за дегустација.

WeddingBanquet-web_640_376bompas-parr-return-of-the-jelly-knights-2Jelly-With-Bompas-Parr-book-2010Bompass-ParrLPDaily Mail - Newsjelly_hero5