Измама со криптовалути: Браќа исчезнаа со 3,6 милијарди долари

Двајца браќа од Јужноафриканската Република исчезнаа со 3,6 милијарди долари во криптовалутата биткоин.

Се сомнева дека тие пари ги добиле со измама преку нивната компанија за инвестирање во криптовалути, пишува Bloomberg.

Инвеститорите сега ангажирале адвокатска фирма од Кејптаун, од каде велат дека не можат да ги лоцираат браќата и дека случајот го пријавиле во елитната единица на националната полиција на Јужна Африка.

По зголемувањето на вредноста на биткоинот во изминатата година, исчезнувањето на околу 69 илјади биткоини би биле најголемите изгубени пари некогаш во измама со криптовалути.

Овој инцидент може да ги поттикне напорите на регулаторите ширум светот да воведат ред на пазарот среде растечките случаи на измама.

Првите знаци на проблемот се појавиле во април, кога биткоинот беше на рекордно ниво.

Браќата на возраст од 19 и 20 години основале фирма и наводно измамиле луѓе, па исчезнале со речиси четири милијарди долари.

Првите знаци на проблемот се јавиле во април кога биткоинот беше на рекордно ниво. Директорот на компанијата Africrypt Амер Каји (20), постариот од исчезнатите браќа, ги известил своите клиенти дека бил жртва на хакери. Побарал од нив да не го пријавуваат нападот кај адвокати и властите за да го забави процесот на поврат на исчезнатите пари.

Некои скептични вложувачи не му верувале, па ги ангажирале сопствените адвокати, додека одвоена група почнала процес на ликвидација против Africrypt.

“Веднаш се посомневавме дека тука нешто не штима затоа што со објавата Africrypt ги молеше инвеститорите да не преземаат никакви правни мерки“, велат адвокатите.

Парите исчезнале без трага, финансиските власти на ЈАР чешлаат
Со понатамошна истрага, адвокатите дошле до откритие дека сите пари од вложувачките фирми во Africrypt префрлени се од јужноафрикански сметки и паричници низ мешавина од различни други криптовалути за потешко да им се влезе во трага.

Со повикување на мобилниот на браќата се јавува секретарка. Каји и неговиот брат Раис, ја отвориле фирмата Africrypt во 2019 година.

Ова може да биде најголем случај на измама во светот на криптовалутите.

Случајот на Africrypt го чешлаат и јужноафриканските финансиски власти, но во моментот невозможно е да се отвори официјална истрага затоа што криптовалутите во таа земја не ги сметаат за легален финансиски имот. Полицијата, исто така, не се огласила по ова.

Фото; Facebook