Измами десетици инвеститори и заработи милијарди: Најмладата милијардерка се соочува со 15 години затвор

207

Обвинителството на САД побара 15 години затвор за Елизабет Холмс, неуспешната ѕвезда од Силиконската долина, а одбраната побара максимална казна од година и пол, според документите испратени до судот во петокот.

Пресудата ќе биде за две недели.

Елизабет во јануари беше прогласена за виновна за измама, а судската постапка против неа привлече големо внимание во јавноста.

„Елизабет Холмс, заслепена од амбициите, проневери стотици милиони долари од десетици инвеститори и ги изложи на ризик пациентите“, рече обвинителката Стефани Хиндс.

Нејзините адвокати рекоа дека таа не е опасна за околината, и дека не добила голема материјална корист, а потоа побараа казна затвор од година и половина.

Елизабет го основала „Теранос“ во 2003 година, кога имала само 19 години, а уште тогаш ветила дека ќе создаде технологија која ќе ги поедностави тестовите на крвта и ќе ги поевтини.

Благодарение на добро осмислената приказна и настап, таа за неколку години успеа да ја придобие довербата и парите на големите инвеститори, кои беа привлечени од претприемништвото на младата жена.

Кога нејзината компанија беше на својот врв, вредноста на компанијата беше проценета на десет милијарди долари, додека богатството на Холмс беше проценето на 3,6 милијарди долари, според магазинот Форбс.

Како дете, Елизабет се плашела од игли и вадење крв. Затоа, таа создаде едноставен, брз и ефикасен уред кој ќе може да направи стотици тестови на крвта од само една капка крв земена од прст.

Меѓутоа, во 2015 година, Wall Street Journal откри голема измама затоа што тврди дека револуционерниот механизам што го основала нејзината компанија всушност никогаш не функционирал.