Измена на времетраењето на тргувањето со хартии од вредност на Берзата

21

Одборот на директори на Берзата донесе Одлука со која се врши измена на времетраењето на  тргувањето со хартии од вредност на Берзата, се вели во соопштението од Македонска берза.

Согласно одлуката, почнувајќи од 03.09.2018 година, времетраењето на тргувањето со хартии од вредност наместо до 13:00 часот ќе трае до 14:00 часот.

Исто така направени се  измени во неколку други одлуки коишто произлегуваат од Правилата за тргување на Берзата, а коишто се однесуваат на измени на времето на тргување кај режимите на континуирано и аукциско тргување, како и на измени во времето на официјализација на денот на тргување и времето на пријавување на администраторски блок трансакции.

Овие измени ќе почнат да се применуваат исто така од 03.09.2018 година, а повеќе детали за истите ќе можете да најдете на следниов линк.