Изнајмува стан, со метро оди на работа, а син е на милијардер

542

Александар Фридман е дете на 11 – от најбогат човек во Русија, Михаил Фридман. Но, тој изнајмува двособен стан на периферијата на Москва за 500 долари месечно и користи подземна железница за да оди на работа.

“Јадам, живеам, спијам, се облекувам од она што го заработувам“, вели 19 годишниот Фридман, чиј татко има богатство од 13,7 милијарди долари според индексот на милијардери на Bloomberg.

Младиот Фридман се вратил во Москва минатата година, откако завршил средно училиште во Лондон. Пред пет месеци ја основал компанијата SF Development, која работи со пет вработени и 405.000 долари приход.

Неговата друга компанија дистрибуира наргиле во московските ресторани. Но, тука е BloggerPass, платформа за маркетинг на Интернет, што треба да дебитира следниот месец.

Иако работи сам, без “да се меша“ со неговиот татко, Александар сигурно има корист од неговите врски. SF Development дистрибуира производи во продавниците на неговиот татко, покрај другите клиенти. Фридман не го гледа тоа на тој начин, велејќи дека менаџерите нема да ставаат стоки на полиците само затоа што тој е син на сопственикот.

“Татко ми ми кажа дека работата и политиката во нашата земја се длабоко поврзани“, вели Александар, додавајќи дека неговоит татко секогаш му велел дека планира своето богатство да го пренесе во добротворни цели и живее со фактот дека нема да наследи никакво богатство.

Михаил Фридман е еден од основачите на конгломератот Alfa Group. Сега, инвестиционата компанија поседува удел во Alfa Bank, петиот најголем заемодавач во Русија и Ks5, најголемиот трговец за храна во земјата, пишува Bloomberg.

“Го водиме бизнисот агресивно, но коректно“, вели Александар одговарајќи на прашањето за тоа кои лекции ги научил од својот татко.
“Татко ми секогаш ми говореше – Имам партнер во секој проект, ако сакаш да заработиш треба да бидете во можност да делите“, вели Александар.

Младиот Фридман планирал да оди во Stern Business School во Њујорк, но одлучил да паузира една година и да се посвети на претприемништвото.

Фото:Pexels