Израел ги укинува скоро сите мерки против коронавирусот

80

Израел ги укинува скоро сите ограничувања воведени со цел сузбивање на ширење на коронавирусот по значителното намалување на бројот на заразени и тешко болни.

Според објавата на тамошното министерство за здравство, прописите во таканаречената зелена зона истекуваат во ист ден. Тоа значи дека во иднина јавните институции ќе бидат отворени и за вакцинираните, но и за оние кои не се вакцинирани.

Повеќе нема да биде потребно да се приложи потврда за вакцинирање. Се укинуваат сите ограничувања на настани, во продавници и ресторани, меѓу останатото.

Но, обврската за носење маски во затворен простор засега останува на сила, а некои ограничувања и понатаму ќе се применуваат при влез во Израел.

Земјата со девет милиони жители успешно спроведува кампања за вакцинирање од 19-ти декември.

Фото: Pexels