Израел воведува “зелени пасоши“

34

Во Израел е вакцинирано една четвртина од населението против коронавирусот, рекол тамошниот министер за здравство, додавајќи дека вакцината што ја произведуваат Pfizer и BioNTech ја добиваат повеќе од 200.000 луѓе дневно.

“Скоро 2,4 милиони Израелци од скоро 9,3 милиони жители ја добиле првата доза од вакцината“, објави израелскиот министер, Џули Еделстајн.

Меѓу нив, скоро 700.000 ја добиле и втората доза што се дава три недели по првата примена доза.

Сите оние кои ќе ги добијат двете пропишани дози ќе можат преку интернет да поднесат барање за “зелен пасош“, што ќе им овозможи да патуваат во странство без да одат во карантин кога ќе се вратат во Израел.

Потврдата ќе им овозможи да одат на културни настани, како што се концерти, штом се создадат услови за тоа.

Израелците кои не сакаат да се вакцинираат ќе мора да докажат дека се здрави со негативен тест за коронавирус не постар од 48 часа.

Фото: Freepik