Израелска компанија произведе стек од лабораторија

51

Фото: Youtube

Компанијата Aleph Farms од Израел, којашто се залага за производство на месо без убивање на животни, го создаде првиот лабораториски стек, пишува Tree Hugger.

Иако е од месо, парчето е создадено од клетки од жива крава и лабораториски “пораснато“ во 3D структура.

Стекот ја има истата текстура и мирис како и обично парче месо. Според креаторите, треба само малку да се поработи на вкусот и цврстината. Неговата дебелина изнесува пет милиметри и чини 50 долари.

Од Aleph Farms велат дека цената ќе се намали штом производниот процес ќе се премести во комерцијален објект. Сепак, стекот нема да биде достапен за широката јавност уште три до четири години.

Со оваа иновација се придонесува за подобар третман на животните, се добива поздрав оброк, но и се штити околината од штетните гасови што се користат при традиционално производство на месо, велат од компанијата.