Израелски TabTale го купи српското студио за развој на игрици Level Bit

88

 

TabTale_LevelBit_team

Еден од најголемите светски издавачи на мобилни видео игри, израелски TabTale, го купи српското студио за развој на игрици Level Bit.

Српското студио е основано пред пет години, а во рамките на TabTale ќе развива игри за нешто постара популација.

Вредноста на преземањето не е објавена, но според извори од овој пазар, се работи за неколку милиони долари, пишува Globes.

TabTale е основана во 2010 година со седиште во Тел Авив и има преку 200 вработени од САД, Македонија, Кина, Украина и Бугарија. Минатата година влезе во топ 10 водечки компании за развој на мобилни игрици со апликации на Play Store и App Store. Според компанијата, нивните апликации се симнати преку 500 милиони пати.