Израелските стартапи ја напуштаат земјата поради несигурност и пад на инвестициите?

40

Неодамнешното истражување на израелската непрофитна организација Startup Nation Central (SNC) покажа дека речиси 70 отсто од над 500 анкетирани стартапи преземаат чекори за да ги преселат парите, вработените, па дури и нивните централи надвор од Израел.
Главната причина е политичкиот спор околу судските реформи во Израел и неизвесноста и ризиците поврзани со оваа ситуација, пренесува Си-Ен-Ен.

Основачот и раководител на компанијата за финансиска технологија Типалти, Чен Амит, очекува дека околу 15 отсто од неговите вработени ќе се преселат во странство во рок од 18 месеци.

Потпретседателот за стратегија на SNC, Ари Старсберг, смета дека инвестициите во 7.000 израелски стартапи се во значителен пад.

„Инвестициите во стартапи паднаа за 70 отсто на годишна основа“, рече Стразберг.

Тој рече дека трендот е „загрижувачки“, бидејќи – за разлика од САД, каде падот на инвестициите во стартапи зазеде спротивен тек – во Израел овој негативен тренд продолжува, а само во последниот квартал беше забележан пад од 30 проценти.

Приватните инвестиции во израелски стартапи, главно од компании за ризичен капитал, во првите шест месеци од 2023 година изнесуваат 3,9 милијарди долари, што е најниско од 2018 година, пренесува Танјуг.