Изречени повеќе од 400 глоби за неиздавање фискални сметки

58

Управата за јавни приходи (УЈП) по завршувањето на најголемиот бран на Ковид кризата спроведе огромен број на контроли кај даночните обврзници за неиздавање фискални сметки на територијата на целата држава и изрече повеќе од 400 глоби, потврди денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

“Уште првата година по воведувањето на апликацијата МојДДВ за граѓаните имавме огромен број на пријави за неиздавање на фискални сметки кои одеа преку анонимни пријави од страна на граѓаните во канцелариите на Управата, преку линијата 198 и на јавни социјални медиуми. Врз основа на тоа сме постапиле насекаде. Направени се огромен број на акции и на контроли“, рече Лукаревска во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција по повод Две години МојДДВ со граѓаните, пренесува МИА.

По завршувањето на бранот, додаде Лукаревска, имаат направено огромен број на контроли и изречени се повеќе од 400 казни, односно глоби за даночните обврзници низ целата држава.

Фото: Pixabay