Изум од БиХ: Берач на малини што заменува до 60 работници дневно

67

berac na malini bih

Јосип Лаштро од Босна и Херцеговина го претстави својот изум – берач на малини, што ја унапредува технологијата на земјоделски машини за берење на ваков вид на овошје, пишува Бизнис.ба.

Машината функционира со помош на притисок на воздухот, има седум различни функции, може да се приклучи кон трактор, може да бере малини на висина до два и ширина до еден метар, како на рамна, така и на ридска површина.

berac na malini bih 1

Иновативната машина користи технологија на воздушно берење, којашто наликува на силен ветер што струи по гранките на коишто има род и со контролирана брзина без физички контакт ги бере само зрелите плодови без да ги оштети.

Една од многуте предности на оваа машина е тоа што дневно може да замени и до 60 берачи. Исто така, ги задоволува стандардите за безбедност на храната, селективно ги бере само зрелите плодови, не ги оштетува растенијата…

ФОТО: Агроклуб.ба