Извезени над 60 милиони рози од Турција за Свети Валентин

67

Производителите на цвеќе во Турција извезоа 60 милиони рози во 50 земји во светот, вклучувајќи Холандија, Велика Британија, Германија и Украина, пред празникот Св. Валентин на 14-ти февруари.

Испораката на розите, како што пренесуваат турските медиуми, започна пред 20-тина денови.

Производството на рози минатата година беше на пониско ниво за разлика од оваа година поради временските услови. Оваа година се извезени шест милиони повеќе рози за разлика од претходната година.

Извозот на рози досега достигна вредност од 6,5 милиони долари, а новите порачки ќе бидат испратени по авионски пат до 14-ти овој месец.

Турција е извозник на различни видови на цвеќиња, особено на каранфилите што сочинуваат околу 90% од вкупниот извоз на цвеќиња на земјата.

Фото: Pexels